Синоќа и во текот на ноќта воздухот во Скопје и во уште неколку градови во Македонија беше екстремно загаден. Интернет страницата waqi.info претпладнево, малку пред 10 часот покажува дека во Македонија, најзагаден воздух повторно се дише во Струмица. Во Кавадарци од вчера се преземаат мерки против загадувањето, но извесно е дека климатските услови утрово многу повеќе отколку човекот придонесоа загадувањето на воздухот да се намали. И во Скопје, иако има магла, циркулира тивок ветер, па состојбата не е толку алармантна како синоќа.

На интернет страницата Ервижуал, која го следи квалитетот на воздухот во големите и главни градови во светот, Скопје малку по 10 часот се наоѓа на 21-то место. Пред Скопје нема ниту еден град од Европа, барем не на оваа листа што ја составува од час во час Ервижуал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *