Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дополнителни детали од трагедијата што се случи вчера во Челопек, каде загинаа две лица – татко и син, при што ранети беа уште две, од кои еден е самиот убиец, инаку роднина на жртвите. Полицијата веќе ги идентификуваше двете жртви.

„Полициското одделение во Жировница го лиши од слобода И.И.(59) од село Челопек, по пријава дека околу 14,10 часот со огнено оружје ги убил неговите роднини Ф.Џ.(52) и М.Џ.(28). село и го повредил А.Џ.(54), сите од истото село. Осомничениот, кој исто така е ранет од истрел од огнено оружје, е приведен во полициска станица и е препратен за укажување лекарска помош во Клиничката болница Тетово“, известува МВР.

Мотивите се уште не се откриваат, но министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека до оваа трагедија дошло поради нерасчистени имотно правни односи. Од МВР велат дека на местото на настанот биле пронајдени 3 пиштоли.

„Увид на местото на настанот извршија и јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Тетово, при што се пронајдени и одземени 3 парчиња оружје. Од уапсениот е одземено едното оружје, додека другите две се пронајдени кај починатиот Ф.Џ. и М.Џ.“, додаваат од МВР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *