Од денеска па се до донесувањето на конечната одлука, од граѓаните не смеат да се бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.

Етничката графа во изводите привремено е ставена под мраз. Уставниот суд донесе времена мерка со која од денеска па се до донесувањето на конечната одлука, од граѓаните не смеат да се бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.

„Судот одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција, во кои е содржан зборот националност во изводите за родени, венчани и умрени лица. Судот денеска изрази сомнеж во уставноста на член 4, 11 и член 13 во делот националност. Во следниот период, Уставниот суд ќе оценува дали е уставно, покрај наведените лични податоци, како што се името и презимето, податоците за раѓање и живеалиште, граѓаните да ја наведуваат и својата националност во матичните книги“, изјави портпаролката на Уставен суд, Христина Беловска. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *